Дома Македонски спорт Мак ракомет Младите ракометари отпатуваа за Алжир

Младите ракометари отпатуваа за Алжир

0

Младата македонска репрезентација отпатува за Алжир каде по трет пат ќе учествува на младинското Светско првенство.

На Мундијалот во Алжир, Македонија партиципира во Ц групата каде уште се и националните тимови на Русија, Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Првопласираните четири репрезентации од групата продолжуваат во осминафиналната елиминациска фаза.

Настапите на СП македонските надежи ќе ги отворат утре, во 15 часот, а противник ќе им биде Русија. Потоа за македонските ракометари следуваат дуелите со Буркина Фасо (20 јули, 21 часот), Тунис (21 јули, 19 часот), Шпанија (23 јули, 19 часот) и Бразил (24 јули, 19 часот).

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Стојановски: Најважна беше победата која ја посакувавме

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски ја предводеше Мак…