Oна што беше најавено со непојавувањето на припремите, младиот Никола Серафимов го потврди денес преку социјалните мрежи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од најпреспективните фудбалери во Вардар, Никола Серафимов си заминува од таборот на црвено-црните. Серафимов со емотивен статус се прости од Вардар.
Jа имав честа 13 години да тренирам, да учам, да се развивам носејки го дресот на најголемиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб. Сакам да се заблагодарам на ФК Вардар за соработката, шансите, знаењето и искуството што ми овозможи да ги стекнам. Одговорноста да се носи црвено црниот дрес е голема, и за мене се од непроценливо значење сите одиграни натпревари во кои што секогаш го давав максимумот за да ги одбранам боите на мојот клуб. Големо благодарам до сите тренери, соиграчи, навивачи и пријатели за несебичната поддршка и соработка. Им посакувам среќа и успеси на моите соиграчи во натпреварите и предизвиците што им претстојат. Од Вардар заминувам со посебен респект, зошто овој клуб е мојата прва и најголема фудбалска љубов“, стои во статусот на Серафимов.