Дома Македонски спорт Мак фудбал Младинците со убедлива победа му се одмаздија на аутсајдерот Гибралтар

Младинците со убедлива победа му се одмаздија на аутсајдерот Гибралтар

0
macedonia

Денес македонската млада фудбалска репрезентација со натпреварот против Гибралтар ги заврши квалификациите за Европското првенство 2019 година во Италија.

Македонија денес го победи Гибралтар со 6:1 и така барем му се одмаздивме на атусајдерот кој пред една година не шокираше на гостински терен со победа од 1:0.

Најмногу денес се истакна Димитар Митровски кој постигна три погодоци, а по еден постигнуваа Руфати, Ѓорѓев и Здравковски. Македонија одигра одличен натпревар и во текот на целиот натпревар доминиравме, противникот успеа да постигне гол после една наша грешка.

Со оваа победа квалификациите ги завршуваме како претпоследно пласирани со седум освоени бодови, три повеќе од последнопласираниот Гибралтар (единствените бодови ги освои во победата против нас).


Следете го Sportski.mk и на


Иако останатите натпревари од нашата група се уште не се одиграле, јасно е дека Србија ќе ја освои првата позиција, додека Русија и Австрија се борат за втората.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските надежи ги дознаа противниците: Ова е распоредот!

Младата македонска репрезентација денес ги дозна противниците за квалификацискиот циклус з…