Mладинскиот репрезентативец на Македонија, Бехар Фета и официјално е промовиран како нов фудбалер на Марибор.
Воска Спорт во текот на вчерашниот ден го потврди трансферот на Фета во 16. кратниот шампион на Словенија.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
За Фета ова е прв интернационален предизвик и голем чекор напред во неговата кариера. Со Марибор Фета потпиша договор на три години.
Со 20 години тој ги помина сите младински категории на Македонија, а во овој момент е член на селекцијата до 21 година за која собра шест настапи. Пред Воска беше дел од Шкендија.