Дома Фудбал Италија Михајловиќ со емотивна порака: Времето за солзи заврши, сега е време за борба!

Михајловиќ со емотивна порака: Времето за солзи заврши, сега е време за борба!

0

Синиша Михајловиќ ја шокираше спортската јавност во Италија и на Балканот, откако призна дека боледува од леукемија.

Михајловиќ доби огромна поддршка, па објави писмо во „Газета дело Спорт“, со кое им се заблагодари на сите за поддршката и потврди дека времето за солзи веќе завршило, сега следува борба.

„Постојат моменти во животот кога ќе се сретнете со противникот кога е тешко да го победите и проблемот е тешко да се реши. Дојдов до таков момент, но за среќа не сум сам, имам огромна поддршка. Во овие денови добив многу пораки со поддршка и сигурен сум дека ќе ја добијам битката против леукемијата“.

„Им благодарам на сите навивачи, и на тие кои ме навредуваа, сега ми напишаа да се борам. Им благодарам на пријателите и на останатите соработници, како и на непознатите луѓе. Ви благодарам уште еднаш, времето за солзи е завршено, сега е време за борба. Ќе се видиме наскоро“, порача Михајловиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Азар им одговори на оние кои тврдат дека е дебел (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар кој ова лето пристигна во Реал не можеше да дебитира во Ла Лига поради…