Дома Фудбал Италија Михајловиќ се налути по срамниот пораз: Границата е помината, изгледавме како аматери!

Михајловиќ се налути по срамниот пораз: Границата е помината, изгледавме како аматери!

Tренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ беше лут на играчите после убедливиот пораз од Рома овој викенд (1:5).

Болоња сите пет гола ги прими во првото полувреме од 11. коло во Серија А што доволно зборува како тимот на Михајловиќ играл во тој период.

„Во првото полувреме бевме катастрофа. Изгледавме како аматери! Ова не е во ред, не можеме да губиме на овој начин. Не сакам да оставаме ваков впечаток“.

„Сега мораме да ја разбистриме главата. Видов погрешен став. Мојата врска со играчите е над фудбалот, посебно после мојата ситуација со болеста. Секогаш се трудам да им покажам внимание. Како што се однесувам со моите деца, така се однесувам и со играчите. Но, за се постои граница, а тие со натпреварот денес ја надминаа. Одиме на тренинг, нема што друго да кажам“, изјави Михајловиќ.

Болоња во овој момент се наоѓа на 12. место на табелата со 12 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Моузес: Гугл ми помогна да потпишам за Спартак Москва

Играчот на Челзи, Виктор Моузес, кој игра како позајмен фудбалер во Спартак Москва откри к…