Дома Фудбал Италија Михајловиќ: Нормално дека примив трета доза, не сум глупав

Михајловиќ: Нормално дека примив трета доза, не сум глупав

Синиша Михајловиќ, српската легенда на италијанскиот фудбал и тренер на Болоња во последните две ипол години е во фокусот на италијанската јавност поради неговото здравје.

Во летото 2019 година на Михајловиќ му беше откриен акутен облик на леукемија после што цела Италија застана зад него во борбата со болеста. На крајот Миха излезе како победник. Минатата година неговото здравје беше нарушено затоа што доби корона и тоа загрижи дел од фановите.

Како победник Михајловиќ излезе и во борбата со короната, а сега медиумите побараа изјава откако ја прими третата доза од вакцината.

По вакцинирањето Михајловиќ порача:

„Нормално дека примив и трета доца, не сум глупав. Вкацинирањето против корона е многу важно. Поради короната останав без мој пријател“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гравина: Италија не треба да се плаши од Македонија, туку од сопствените грешки

Репрезентацијата на Македонија доби тешка задача и во баражот за Светското првенство ќе иг…