Дома Македонски спорт Миовски постигна нов гол за Абердин, но му беше поништен 🎥

Миовски постигна нов гол за Абердин, но му беше поништен 🎥

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин, па досега постигна четири гола во четири настапи, а лесно можеше да стигне и до петтиот доколку истиот не беше поништен.

Миовски се запиша во листата на стрелци против Сент Џонстон, но само за кратко затоа што неговиот гол беше поништен поради офсајд-позиција, која не постоеше.

ВАР-технологија сè уште не се применува во Шкотска, па затоа судиите немаа можност да ја проверат ситуацијата и да му го доделат голот на македонскиот напаѓач, кој во случајов остана оштетен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Николова и Јовановска донесоа прво светско сребро за клубот на Милошевски

Бони Николова и Сиена Јовановска освоија екипно сребро на ВИКФ Глобал купот во Атина. Кара…