Дома Македонски спорт Мак фудбал Миовски: Можевме да го затвориме мечот порано

Миовски: Можевме да го затвориме мечот порано

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против Молдавија во пријателскиот меч кој се одигра во Анталија.

Добрата вест за селекторот е што Бојан Миовски одигра одлично и го постигна голот за водство.

„Добро го започнавме првото полувреме. Мислам дека теренот не ни дозволи да направиме и повеќе шанси. Второто полувреме ги изгубивме дуелите на втора топка и затоа Молдавија искористи шанса и постигна гол. Мислам дека резултатот е реален. Имавме шанси да го затвориме мечот со втор гол околу 60-та минута. Примивме еден одличен гол, но што е тука е. Продолжуваме со пријателски мечеви да се воигруваме, па в понеделник не очекува Црна Гора“, изјави Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…