Дома Останати Кошарка НБА Минути за уживање: Најспектакуларните забивања на „Ол-Стар“ натпреварот (ВИДЕО)

Минути за уживање: Најспектакуларните забивања на „Ол-Стар“ натпреварот (ВИДЕО)

0

Кошаркарите кои околу себе ги собра Леброн Џејмс триумфираа на традиционалниот 68-ми по ред „Ол-Стар“ натпревар против тимот на Јанис со 178:164.

Натпреварот и тоа како ги оправда очекувањата, а на двете страни видовме дури 168 обиди за три поени! За тимот на Јанис играше и српскиот кошаркар Никола Јокиќ за кого ова беше деби на натпреварот на сите ѕвезди. Јокиќ натпреварот го заврши со шест поени кои ги постигна во првата четвртина. Освен поените Јокиќ додаде и девет скока за 13 минути.

 

ЈАНИС ТИМ – ЛЕБРОН ТИМ 164:178 (53:37, 42:45:36:50, 33:46).

Леброн тим: Дурант 31 (6/9 за три), Ленард 19 (5/11 за три), Џејмс 19 (1/8 за три), Харден 12 (4/13 за три), Ирвинг 13, Дејвис 5, Олдриџ 2, Таунс 11, Лилард 18, (6/17 за три), Симонс 10. Вејд, 7, Томпсон 20 (6/12 за три, Бил 11 (3/10 за три).

Јанис тим: Адетокумбо 38, Џорџ 20 (6/12 за три), Ембид 20, Кари 17 (4/17 за три), Грифин 10, Новицки 9, Мидлтон 20 (6/10 за три), Јокиќ 6, Вучевиќ 4, Расел 6, Лаури 3, Вестбрук 17 (1/8 за три).

Лидерот на поразените, Јанис натпреварот го заврши со 38 постигнати поени и 11 скока, а доминираше и кога забивањата беа во прашање. Еден момент кој сигурно е за издвојување се случи во втората четвртина.

Тогаш во соработка со Стеф Кари грчкиот кошаркар изведе спектакуларен скок каков што ретко се гледа и со монструозно забивање поентираше. Ова секако беше потег кој придонесе за огромни овации во целата арена.

Во продолжение можете да ги погледнете и најспектакуларните забивања на „Ол-Стар“ натпреварот – дефинитивно поголем број од нив како што е тоа на Јанис може да се видат само на еден „Ол-Стар“ натпревар.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лејкерси градат моќен тим: Пристигнуваат Ентони Дејвис и уште една ѕвезда!

Најпознатиот и најценетиот НБА новинар, Адријан Војнаровски објави дека е готова размената…