Дома Фудбал Милионите почнуваат да се исплаќаат: Ал Хилал испиша историја во светскиот фудбал

Милионите почнуваат да се исплаќаат: Ал Хилал испиша историја во светскиот фудбал


Саудискиот Ал Хилал испиша историја во светот на фудбалот со својата неверојатна серија од победи.

Со победата од 2-0 над Ал Итихад во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони, Ал Хилал не само што се пласираше во полуфиналето, туку и постави нов светски рекорд.

Со оваа победа, тимот Ал Хилал ја продолжи својата историска низа од 28 последователни победи на официјални натпревари, што е рекорд во светскиот фудбал.

Претходниот рекорд беше во посед на тимот ТНС од Велс, кој имаше серија од 27 победи во нивното првенство. Потоа следат тимовите Ајакс со две впечатливи серии, првата со 26 победи, а втората со 25. Има и други тимови во листата со големи серии на победи, меѓу кои ТНС повторно (25), Кортиба од Бразил (24), Баерн (23), Реал Мадрид (22)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…