Милан оваа сезона во првите четири кола запиша три победи и тоа е, инетресно, најдобар старт на „росонерите“ во изминатите десет години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Монтела забележа катастрофален пораз од Лацио, но запиша три победи во првите четири кола. Ова е најдобар резултат за „росонерите“ уште од сезоната 2006/07, кога после првите четири кола имаа 10 бода.
Милан има компетно нов тим оваа сезона откако во летниот преоден рок потроши повеќе од 200 милиони евра и донесе 11 засилувања.
Поради тоа тренерот Винченцо Монтела изјави дека и тој самиот не знае колкав е потенцијалот на неговиот тим, бидејќи тимот сеуште се гради.
„Се навикнуваме да играме натпревари како овој против Удинезе, но не знам точно колку е голем потенцијалот, бидејќи тимот е комплетно нов. Се обидувам да го извлечам најдоброто од моите играчи, но треба време сите да се запознаат добро и да станеме тим, ова е само почеток“, изјави Монтела.