Дома Трансфер зона Милик конечно најде нов клуб, се сели во Мадрид

Милик конечно најде нов клуб, се сели во Мадрид

Аркадиуш Милик ова лето иако беше на излезна врата сепак остана во Наполи,но во јануари сигурно ќе го напушти клубот.

Полскиот напаѓач влезе во последната година од договорот и не е дел од тимот на Гатузо, па Наполи сака да го продаде во јануари за да заработи на неговото заминување.

И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона, а фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид.

Симеоне е во потрага по напаѓач, особено поради фактот што Диего Коста е на излезна врата.

За Милик интерес покажува и Евертон,  но медиумите тврдат дека Полјакот веќе се договорил со „јорганџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хунтелар се врати во Шалке: Дојдов да му помогнам на клубот да избори опстанок

Како и што се најавуваше Клас Јан Хунтелар е нов играч на Шалке. Германскиот бундеслигаш ј…