Дома Фудбал Милер бесен: Како во 2017 година – Реал тогаш ни даде два гола од офсајд!

Милер бесен: Како во 2017 година – Реал тогаш ни даде два гола од офсајд!

Реал Мадрид со голем пресврт во финишот го елиминираше Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а најмногу по вчерашното полуфинале се коментира ситуацијата од завршницата на натпреварот.

Критики за арбитражата имаше и ветеранот Томас Милер тврдејќи дека вакво нешто им се случило и во 2017 година.

„Не ми е јасно зошто судијата воопшто не се консултираше со ВАР. Дури не ја искористи можноста да ја провери ситуацијата. Многу чудно, вакво нешто ни се случи и во 2017 година, тогаш Реал ни даде два гола од офсајд“, изјави Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деби за паметење: Груда блесна, Германија ја совлада Србија во Белград

Германија славеше со 3-1 во Лигата на нациите, а Брајан Груда го одбележа своето деби со о…