Дома Фудбал Милевски утре го објавува списокот за Ерменија и Исланд

Милевски утре го објавува списокот за Ерменија и Исланд

„А“ Репрезентацијата на Македонија је чакаат уште два натпревари во квалификациите за Светското првенство.

На 11. ноември ќе се сретнеме со Ерменија на гостински терен во Ереван, додека три дена подоцна (14.11) дома во последниот натпревар ќе го пречекаме Исланд. Се уште сме во игра за втората позиција и место во баражот, меѓутоа не зависиме сами од себе и мораме да чекаме кикс на Романија.

Селекторот Благоја Милевски утре ќе го објави списокот на повикани фудбалери, а радува што во однос на претходниот циклус кога бевме без Барди сега еден од нашите најважни играчи е спремен. Ќе недостасува Адеми кого го чека подолга пауза.

Илија Несторовски се опорави од повредата, но сепак тешко дека може да очекуваме негов повик затоа што не е во натпреварувачки ритам по враќањето.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиорентина ја прекина сушата, Ваноли предупредува: Не смееме постојано да примаме по два гола

Фиорентина славеше со 4-2 кај Сасуоло и по месец и половина повторно освои три бода. Ванол…