Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Резултатот е неправеден, не паметам кога Македонија играла подобро

Милевски: Резултатот е неправеден, не паметам кога Македонија играла подобро

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски не го криеше разочарувањето од ремито на гостувањето кај Исланд (2:2).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија играше одлично, доминираше, имаше предност од 2:0, а потоа во финишот прими два гола и дома се враќа со само еден бод.

„Мислам дека Македонија беше подобар противник. Имаше врвен фудбал 75 минути. Овој резултат е неправеден. Не паметам кога Македонија играла ваков фудбал. Одигравме 70-на минути перфектен фудбал, а головите кои ги примивме беа по наши грешки.  После тој гол што го примивме по наша вина, психолошкиот момент беше пресуден“, истакна Милевски.

„Нашата група е составена од подеднакво квалитетни репрезентации, ништо не е загубено, барем за тоа второ место. За мечот со Романија ќе биде клучно психолошки да ги вратиме фудбалерите.Но, повторно ќе повторам, мислам дека на крајот Македонија незаслужено загуби два бода на ова гостување. Но фудбалот е таков, одиме понатаму“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …