Македонската фудалска репрезентација запиша убедлива победа на гостувањето кај Летонија со 3:0.
По натпреварот селекторот Милевски не го криеше задоволството од победата и играта на неговите избраници.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, проблемите ќе ги решаваме во `од. Имавме картони, повредени фудбалери, вирус, но бевме над сето тоа и победивме“.
„Ова е триумф на фудбалерите, тие го заслужија. Овој тим почнавме да го градиме по оној пораз од 7-0 во Манчестер, полека ја добиваме физиономијата која ја сакам. Секогаш се залагам за нешто повеќе, но работата на тимот полека дава резултати“, изјави Милевски.