Дома Фудбал Милевски: На терен да покажеме дека сме поквалитетни од Малта

Милевски: На терен да покажеме дека сме поквалитетни од Малта

Македонскиот селектор Благоја Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварот со Малта во квалификациите за Европското првенство 2024 на 23-ти март и четири дена подоцна пријателскиот со Фарски Острови.

Аријан Адеми кој го комплетира својот трансфер во Кина во овој период сепак е на списокот на селекторот, тука е и Илија Несторовски во нападот. Дебитантски повик во средниот ред доби Давор Здравковски.

Во одбраната новост е враќањето на Владица Брдаровски. Останатите имиња на списокот стандардните репрезентативци.

„Во денешниот фудбал нема аутсајдери. Против кого и да играме квалитетот треба да го покажеме на терен. Поквалитетни сме индивидуално и како тим, сепак тоа треба да се докаже. Очекувањата се тие. Кога во минатото сте докажеле некој квалитет, јавноста очекува да бидете на тоа ниво и тоа ме радува, ќе дадеме се од себе за успешен настап“.

Милевски повторно ја истакна слабата минутажа кај оние кои што треба да бидат носители.

„Носителите во минатите квалификации за СП и Лигата на нации имаат проблеми со минуатажа, но најважно е да бидат здрави. Изборот е тој, не можеме да сметаме на повредените Серафимов, Костадинов и Дориев. Спировски и Николов не се тука поради слава форма. Здравковски заслужи повик, ќе видиме дали ќе ни помогне“, изјави Милевски.

Собирот на репрезентацијата за овие два натпревари е закажан за на 19-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олимпик со златни настапи од Тетово до Букурешт и Дојран

Каратистите на Олимпик освоија одличја на три натпреварувања во еден викенд. Ѓорѓи Ѓошевск…