Македонската репрезентација утре го игра натпреварот против Бугарија во рамките од Лигата на Нации.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред овој натпревар има и тензии поради политичката ситуација меѓу двете држави, сепак селекторот Благоја Милевски на денешната прес-кофнеренција порача да се гледа само на спортскиот аспект.
Да ја оставиме политиката на политичарите. Нас не интересира само како да победиме утре, кај нас присутен само спортскиот аспект. Не би кажал дали ќе има промени во овој момент. Одиме натпревар по натпревар, како и на секој до сега ќе се обидеме да победиме. Во Грузија изгубивме незаслужено и момците се надевам ќе го докажат тоа утре.
Секако ја анализиравме Бугарија, но имаат нова репрезентација, нов селектор…затоа ни беше потешко во анализата, но ние се сконцентрираме на она што треба ние да го одиграме“, изјави Милевски.
Натпреварот против Бугарија го играме утре од 20:45 часот.