Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Фарски Острови и Ерменија.
На списокот на Милевски дебитант е Кристијан Трапановски кој со одличните настапи за Данди Јунајтед каде што е и Давид Бабунски си обезбеди прв повик во националниот дрес.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Македонија на 7. септември ќе игра на гостинските терен во Торшван против Фарски Острови, додека три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаме Ерменија.
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Дарко ВЕЛКОВСКИ
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Агон ЕЛЕЗИ – Бохум (Германија)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Данди Јунајтед, Шкотска)Собриот на македонската репрезентација е закажан за 2. септември во Скопје.