Дома Трансфер зона Милан тргнува по играчот на Арсенал

Милан тргнува по играчот на Арсенал

Белгискиот талент Самби Локонга минатото лето пристигна во Арсенал како големо засилување, но може да замине после само една година.

Локонга во првите неколку месеци играше редовно, но подоцна го загуби местото во првиот тим кај Артета.


Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓


22-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.

Сега силен интерес за него покажува италијанскиот шампион Милан, кој во Локонга гледа идеална замена за Кеси.

Малдини веќе стапил во контакт со агентите на Белгиецот, кој е отворен за трансфер на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ наскоро ќе испратат и официјална понуда, а го сакаат Локонга на позајмица со право на откуп за 18 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Будеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е најпријатно изнеадување сезона во германската Бундес…