Дома Топ вести Милан спреми 50 милиони за откритието од Лига 1

Милан спреми 50 милиони за откритието од Лига 1

Милан е силно заинтересиран за талентираниот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


21-годишниот младински репрезентативец на Англија оваа сезона игра на позајмица со Ремс и блеска во Лига 1.

Балогун до сега на 28 настапи постигна 17 гола и 3 асистенции, па покажа дека е еден од најталентираните напаѓачи во Европа.

Тој на лето ќе се врати во Арсенал и има договор до 2025 година со „топџиите“, но Милан сака да го доведе на „Сан Сиро“ и спрема понуда.

Самиот играч е заинтересиран за овој трансфер бидејќи смета на во Арсенал нема да има голема минутажа, но „топџиите“ за неговата слобода бараат 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…