Дома Трансфер зона Милан спреми понуда, сака да го откупи Далот

Милан спреми понуда, сака да го откупи Далот

Португалскиот бек Диого Далот ова лето пристигна во Милан на позајмица од Манчестер Јунајтед.

Далот оваа сезона не игра редовно, но покажа дека има квалитет, па Милан сака да го задржи во своите редови.

„Росонерите“ во договорот немаат опција за откуп на крајот на сезоната, но се надеваат дека ќе постигнат договор со „црвените ѓаволи“ за перманентен трансфер.

Самиот фудбалер преферира да остане на „Сан Сиро“, па тоа ќе биде адут за Милан во преговорите.

„Росонерите“ се спремни наскоро да почнат преговори со Манчестер Јунајтед и да понудат 15 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рангник добива 100 милиони за зимски трансфери

Манчестер Јунајтед денес и официјално ќе го претстави Ралф Рангник за нов менаџер до крајо…