Денес француските медиуми пренесоа дека Манчестер Јунајтед одбил понуда од Милан за Марсијал во последните денови на преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не се откажува од намерата да го донесе Марсијал на „Сан Сиро“ и работи на трансферот за јануари.
Директорот Леонардо е во постојан контакт со агентите на Французинот, а олеснителна околност за „росонерите“ е што договорот на напаѓачот со Манчестер Јунајтед завршува на крајот на сезоната.
Марсијал не е задоволен од статусот кој го има на „Олд Трафорд“ и одбил да го продолжи договорот. Поради тоа „црвените ѓаволи“ ќе бидат приморани да го продадат напаѓачот во јануари бидејќи следното лето може да замине како слободен играч.