Дома Трансфер зона Милан се договори со Ренато Санчез

Милан се договори со Ренато Санчез

Италијанскиот гигант Милан постигнал договор со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчезпренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

24-годишниот играч за врска блеска во дресот на Лил, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан сака да ја победи конкуренцијата.

„Газета дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ се во пол-позиција и дека ги договориле личните услови со Португалецот.

Сепак, многу поверојатно е дека трансферот ќе се реализира на лето, бидејќи Лил не сака да ја пушти својата ѕвезда на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…