Дома Топ вести Милан се договори со полски репрезентативец

Милан се договори со полски репрезентативец


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Дефанзивецот на Специја и полски репрезентативец Јакуб Кифор ќе ја продолжи кариерата во Милан, пренесуваат полските медиуми.

Медиумите откриваат дека Милан ја победил конкуренцијата и постигнал договор со дефанзивецот, само нема информација дали трансферот ќе се реализира во јануари или следното лето.

22-годишниот Кифор минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А, а и на Мундијалот покажува одлични партии.

Тој го привлече вниманието на многу европски клубови, а силен интерес за него покажуваат уште Јувентус, Рома, Вест Хем и Лестер.

Меѓутоа Милан ја победил конкуренцијата и ги договорил и личните услови со агентот на полскиот репрезентативец, па сега треба да ја договори отштетата со Специја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Леброн: Јас сум најдобриот кој ја играл оваа игра

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Леброн го сруши реко…