Дома Топ вести Милан преговара со ѕвездата на Виљареал

Милан преговара со ѕвездата на Виљареал

Милан покажува силен интерес за нигерискиот напаѓач од Виљареал, Самуел Чуквуезе, пренесува „Скај Италија“.

23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона одигра одлично во дресот на Виљареал со 13 гола и 11 асистенции.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Чуквуезе сака да направи чекор напред во кариерата и ова лето да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Милан.

„Росонерите“ се во потрага по засилување на десната крилна позиција, а новиот спортски директор Монкада веќе почнал преговори со Виљареал.

Милан сака да ја победи конкуренцијата бидејќи е во потрага по десно крило и смета дека Чуквуезе одлично ќе се вклопи во стилот на Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…