Дома Фудбал Италија Милан потврди: Мусакио ќе паузира два месеци!

Милан потврди: Мусакио ќе паузира два месеци!

Ситуацијата со повредени фудбалери во Милан е алармантна, а сега пристигна вест и дека повредата на Мусакио е потешка од очекуваното.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мусакио се повреди на синоќешниот меч со Бетис, а денешните детални прегледи покажаа дека има повреда на лигаментите на коленото.

Тоа значи дека Аргентинецот ќе биде надвор од терените во наредните два месеци и ќе пропушти поголем дел од натпреварите.

Моментално Гатузо не може да смета на дури десет фудбалери, а прогнозите се дека само Гонзало Игуаин ќе се опорави за дербито против Јувентус.

Повредата на Мусакио е голем удар, бидејќи Милан веќе остана без Калдара во одбраната кој ќе мора да паузира околу 4 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија утрово „летна“ за Сараево! (Фото)

Репрезентацијата на Македонија денеска отпатува за Сараево, каде што утре ќе го одигра при…