Дома Фудбал Милан повторно во голем минус!

Милан повторно во голем минус!

Нема напредок, загубата е се уште тука, уште една година по ред, Милан завршува во голем минус.

Од Лигата на Шампионите нема ништо, се откажаа од Лигата на Европа за да се концентрираат на првенството и ја елиминираа опасноста од ФФП, но од тоа нема ништо. Имено, иако ситуацијата е малку подобра, таа не е добра, минатата сезона е завршена со долг од 120 милиони, ова е помеѓу 85 и 90 милиони, што повторно го доведува Милан под удар на УЕФА, односно финансискиот фер-плеј. Елиот, инвестицискиот фонд кој го превзеде клубот од кинеските сопственици нема намера да ги расфрла парите.

Наводно од Америка пристигнала вест дека Милан мора да најде баланс помеѓу приходите и расходите и дека оваа ситуација е неодржлива. Станува збор за платите на играчите, тие се намалени, но и понатаму трошокот е поголем од она што се заработува. Се споменуваат платите на Донарума и Ромањоли, се зборуваше дека еден ќе биде продаден ова лето, но ништо од тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скопје 2014 со пресврт во дербито, Саса броеше до 12 против Речица

Скопје 2014 ја совлада Тиверија Брера со 3:2, а Каменица Саса го забележа најубедливиот тр…