Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето, а за него сериозен интерес покажува Барселона.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, а во трката се вклучи и Милан, кој го следи Канаѓанецот подолго време.
„Росонерите“ ова лето го доведоа Абрахам, но не се во целост задоволни од него, па ќе се насочат кон доведување на Дејвид.
📰 @Gazzetta_it: 🤔 Now, with the option of signing Jonathan #David, Milan might rethink their approach and consider parting ways with #Abraham, choosing a player with different characteristics. pic.twitter.com/V21H4hfUgW
— Milan Posts (@MilanPosts) October 14, 2024