Милан е силно заинтересиран за левиот бек на Барселона, Жуниор Фирпо, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ бараат алтернатива за Тео Хернандес и веруваат дека Фирпо ќе биде одлично решение. Милан веќе испратил понуда до Барселона и го сака играчот на позајмица со право на откуп.
Барселона е спремна да ја прифати понудата, но бара 20 милиони евра за откуп, додека Милан нуди 16 милиони.
„Скај Италија“ тврди дека двете страни можат да стигнат до договор во наредните недели.