Дома Трансфер зона Милан и Јувентус спремаат голема трампа

Милан и Јувентус спремаат голема трампа

Милан и Јувентус во последните години имаат одлична соработка, а италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба работат на нова зделка во моментов.

Имено, Милан и Јувентус на лето би можеле да договорат трампа, така што Ромањоли да се пресели во Торино, а „росонерите“ да го добијат потписот на Бернардески.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Ромањоли на лето влегува во последната година од договорот и двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.

Слична е ситуацијата и со Бернардески, кој го загуби местото во првиот тим и е спремен да ја промени средината.

„Калчомеркато“ тврди дека двата клуба можат да направат трампа и нивиот агент Мино Раиола веќе работи на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…