Дома Топ вести Милан и ПСЖ спремаат голема трампа: Донарума се сели во Париз

Милан и ПСЖ спремаат голема трампа: Донарума се сели во Париз

0

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума најверојатно ова лето ќе го напушти „Сан Сиро“, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е ПСЖ.

Донарума уште минатото лето ги наруши односите со навивачите на Милан, кои на последниот натпревар против Аталанта одбија да го земат неговиот дрес.

„Росонерите“ се спремни да го продадат 19-годишниот голман, но само доколку пристигне понуда понеѓу 60 и 70 милиони евра.

ПСЖ е силно заинтересиран за Донарума и веќе започна преговори со неговиот агент Мино Раиола, а Милан ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и за возврат да го добие потписот на Кавани.

Миланскиот гигант е во потрага по врвен голгетер, бидејќи Калиниќ и Андре Силва се покажаа како големи промашувања.

Од друга страна Кавани падна во сенка на Нејмар во ПСЖ и е спремен да се врати во Италија.

Италијанските медиуми тврдат дека двата клуба веќе започнале преговори и дека постојат изгледни шанси да се реализира трампата ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

БОМБА: Милан го „краде“ Мората пред носот на Јувентус

Италијанските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Алваро Мората е главна трансфер цел н…