Дома Топ вести Милан и Наполи се „тепаат“ за ѕвездата на Челзи

Милан и Наполи се „тепаат“ за ѕвездата на Челзи

Хаким Зијех не е задоволен од својот статус во Челзи и ќе побара трансфер во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.

Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.

Најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат италијанските гиганти Милан и Наполи.

27-годишниот плејмејкер е голема желба на „росонерите“ уште од летниот преоден рок, но сега добија силна конкуренција.

Спалети сака да го засили Наполи во битката за Скудетото, а прва желба е токму Мароканецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…