Дома Трансфер зона Милан и Интер се „тепаат“ за италијански репрезентативец

Милан и Интер се „тепаат“ за италијански репрезентативец

0

Двата милански гигани, Милан и Интер ќе водат битка за талентираниот италијански репрезентативец, Николо Барела, пренесуваат медиумите на Апенините.

21-годишниот играч за врска на Каљари веќе подолго време се поврзува со „нероаѕурите“, но сега „росонерите“ ќе се обидат да го „украдат“ талентот пред носот на градскиот ривал.

Барела важи за еден од најголемите таленти на Апенините и веќе дебитираше за италијанската репрезентација, а по стилот на игра многу потсетува на Наинголан.

Каљари за својот бисер бара 40 милиони евра, но таа сума е висока за двата милански клуба. Меѓутоа, Милан и Интер го сакаат Барела уште во јануари и се спремни да му понудат на Каљари играч плус одредена сума.


Следете го Sportski.mk и на



Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Едно од најголемите разочарувања на Барселона си заминува ова лето

Доведувањето на Андре Гомес за Барселона се покажа како пропадната инвестиција. Португаслк…