Дома Трансфер зона Милан и Интер се вклучија во трката за Ракитиќ

Милан и Интер се вклучија во трката за Ракитиќ

Хрватскиот плејмејкер Иван Ракитиќ на лето сигурно ќе ја напушти Барселона, а европските гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Барселона е подготвена да го продаде искусниот играч. За неговите услуги бара 20 милиони евра, а таа сума се спремни да ја платат неколку клубови ширум Европа.

Манчестер Јунајтед, Јувентус и Севиља од поодамна се заинтересирани за Хрватот, а сега во трката за неговиот потпис се вклучија и миланските гиганти.

Милан и Интер веќе стапиле во контакт со неговиот агент и ја разгледуваат можноста да испратат понуда во наредните недели.

Овој 32-годишен фудбалер во Барселона пристигна од Севиља во 2014 година, а на Камп Ноу освои се што можеше да се освои. Ракитиќ за каталонскиот великан одигра вкупно 299 натпревари и постигна 35 погодоци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување: Одегард може во Серија А?

Мартин Одегард во Реал Мадрид пристигна пред пет години од норвешкиот Стромгест како голем…