Дома Фудбал Лига на шампиони Милан изгуби, но Фонсека не е разочаран: Одигравме најдобро откако сум тука!

Милан изгуби, но Фонсека не е разочаран: Одигравме најдобро откако сум тука!

Португалскиот тренер Пауоло Фонсека е разочаран од резултатот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, но е задоволен од она што неговите фудбалери го одиграа на теренот.

Според Фонсека, иако Милан беше поразена со минимални 0:1 вчера го одиграл најдобриот натпревар откако тој е на кормилото на тимот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Да, не победивме, но многу ми се допадна перформансот кој го прикажавме. Одигравме најдобро откако сум тука. Пред се мислам на второто полувреме, создадовме многу шанси и недостасуваше само реализација, а не е лесно да играте против тим каков што е Баер.

Во соблекувалната бевме тажни, меѓутоа мораме да продолжиме, како што кажав задоволен сум од играта“, изјави Фонсека.

За Милан ова беше втор пораз во најелитното европско натпреварување откако претходно Ливерпул беше подобар од „росонерите“ со 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дембеле се извини, Луис Енрике го врати во тимот

Осман Дембеле се врати на тренинзите на ПСЖ и викендов повторно ќе биде дел од тимот, отка…