Дома Трансфер зона Милан во Франција најде замена за Донарума

Милан во Франција најде замена за Донарума

Иднината на Џанлуиџи Донарума во Милан е неизвесна, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на договорот бидејќи агентот на Донарума, Мино Раиола бара 10 милиони евра по сезона, сума која Милан не е спремен да ја плати.

Поради тоа големи се шансите Донарума на крајот на сезоната да си замине од „Сан Сиро“, а италијанските медиуми тврдат дека Милан веќе налош замена.

Станува збор за голманот на Лил и француски репрезентативец Мајк Меигнан. Тој оваа сезона прими 19 гола на 31 меча и важи за најдобар голман во Лига 1.

Неговиот договор со Лил истекува во 2022 година, па Милан може да го добие неговиот потпис за 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хари Кејн бира помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед

Хари Кејн ќе остане во Премиер лигата, иако големи се шансите да го напушти Тотенхем ова л…