Дома Трансфер зона Милан во Реал Мадрид пронајде замена за Бакајоко

Милан во Реал Мадрид пронајде замена за Бакајоко

0

Милан ова лето го доведе Тиму Бакајоко на едногидишна позајмица од Челзи, но Французинот до сега не ги оправда очекувањата.

24 годишен фудбалер запиша само четири настапи во Серија А, а неговите натпревари беа катастрофални. Во италијанските медиуми веќе се пишува дека Бакајоко уште во јануари ќе биде вратен во Челзи бидејќи „росонерите“ сериозно размислуваат да го раскинат договорот за негова позајмица.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе пронашле замена за Французинот, а станува збор за игачот на Реал Мадрид, Маркос Љоренте.

23-годишниот Шпанец не добива шанса од тренерот Лопетеги и сака да ја промени средината, а „росонерите“ се спремни да ја искористат таквата ситуација.


Следете го Sportski.mk и на


Наводно Милан ќе се обиде да го донесе играчот за врска на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал испрати понуда, Рома кажа НЕ

Рома на одбила првата понуда на Арсенал „тешка“ 32 милиони евра за турскиот репрезентативе…