Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец кој ќе биде замена за Ромањоли, кој го напушти тимот ова лето.
Неколку имиња се поврзуваат со трансфер на „Сан Сиро“, но сепак најконкретен интерес „росонерите“ покажуваат за дефанзивецот на ПСЖ, Абду Диало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25-годишниот Диало е дефанзивец, но може да игра и како лев бек, па токму поради тоа е прв избор на „росонерите“. Малдини веќе започнал преговори со ПСЖ, кој е спремен да го продаде, и за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Милан ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори, или да го донесе на едногодишна позајмица со право на откуп.
Диало пристигна во ПСЖ во 2019 година од Борусија Дортмунд за 32 милиони евра, а минатата сезона запиша 16 настапи за „светците“.