Дома Топ вести Милан во потрага по дефанзивец, Миленковиќ прва желба

Милан во потрага по дефанзивец, Миленковиќ прва желба

Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец во зимскиот преоден рок поради повредата на Симон Кјаер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кјаер денес ќе биде опериран на лигаментите на коленото и најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, па приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде негова замена.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој и во летниот преоден рок беше на мета на „росонерите“.

Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Милан веќе започнал преговори, па се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер вреден 15 милиони евра.

Другата опција е Бремер од Торино, кој оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, но Торино не сака да го пушти на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…