Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Милан во следниот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе биде алтернатива за Ибрахимовиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Прв на списокот е талентираниот холандски напаѓач Донјел Мален. Овој 20 годишен напаѓач на ПСВ, кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент Мино Раиола, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Втор на листата желби е Андреа Белоти, кој се уште го нема продолжено договорот со Торино, но конкуренцијата за неговиот потпис е голема.
На крајот се споменува и Влаховиќ, кој има фантастична сезона во дресот на Фиорентина, но проблем е неговата цена од 40 милиони евра.