Дома Фудбал Италија Мигрант кој никогаш не играл фудбал потпиша за Лацио

Мигрант кој никогаш не играл фудбал потпиша за Лацио

Oваа недела Лацио се пофали со 17 годишниот Ларсон Кулибали, а приказната за овој трансфер е навистина интересна.

Мигрантот од Брегот на Слоновата Коска има приказна како од бајките.

Имено 17 годишниот Ларсон Кулибали никогаш претходно не бил професионален фудбалер. Тој допатувал со брод од БСК во потрагап о подобар живот. Социјален работник ги известил дека момчето иако не играл активно фудбал до тогаш има талент. Кулибали добил шанса на проба и луѓето во клубот биле задоволни од она што го виделе.

„Мојот пријател кој е социјален работник ме праша дали можеме да му помогнеме на момчето и да дојде да го видиме. Добиваме навистина повеќе вакви повици, а сега решив да му верувам на мојот пријател. Му дадовме шанса да дојде на проба. Бев изненаден од она што го видов, никогаш не сум видел некој кој не играл фудбал да биде така добар. Освен што има супер атлетски вештини и неговата техника е сосема солидна, без проблем игра и со лева и со десна нога“, изјави директорот на младинскиот сектор на Лацио Мауро Бјанкези.

Ќе видиме во иднина дали ова момче ќе направи некаква подобра кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Моузес: Гугл ми помогна да потпишам за Спартак Москва

Играчот на Челзи, Виктор Моузес, кој игра како позајмен фудбалер во Спартак Москва откри к…