Во рамки на мечот од регионалната АБА лига, МЗТ Скопје вечерва беше домаќин на Партизан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Далеку од минатогодишниот меч, МЗТ Скопје се врати на голема врата и успеа да слави во СЦ „Јане Сандански“ со 92:89.
Она што е исто така интересно е што и популарните „Фемили Аеродром“ се вратија на трибините и соодветно им парираа на познатите „Гробари“.
Во текот на мечот, имаше пресвррти и грешки, но МЗТ успеа да го издржи притисокот и да дојде до голема победа против Партизан. Во сите четири четвртини, на обете страни можеа да се забележат атрактивни и брзи акции и динамика кај екипите.
Во таборот на МЗТ, најпрецизен беше Стојановски со 25 постигнати поени, додека на другата страна тоа беше Величковиќ со постигнати 16 поени.