Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје славеше во дуелот против Фени Индустри со 115:68 во рамки на четвртфиналето во Купот на Македонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аеродромци на стартот беа изненадени од одличната игра на Фени кој беше рамноправен противник на самиот старт.
Одличните и прецизни удари на Металците од линијата за три поени се покажаа како клучни, па така на полувреме „Штрковите“ на полувреме имаа предност од 64:49, а потоа убедливо славеа и на крајот.
Во таборот на МЗТ, Крафорд беше најефикасен, додека по 13 поени запишаа Трајковски, Лалиќ и Спасојевиќ. На спротивната страна пак, најефикасен беше Лоухорн со постигнати 23 поени.
По овој триумф во рамки на полуфиналето, МЗТ ќе се соочи против екипата на Блакотехна.