Дома Фудбал Меч со големиот фаворит: Македонија го завршува ЕП против Данска

Меч со големиот фаворит: Македонија го завршува ЕП против Данска

Репрезентацијата на Македонија денес го игра последниот натпревар на ова Европското првенство, а противник ќе ни биде селекцијата на Данска.

Данска веќе го обезбеди пласманот во следната фаза, Македонија е без шанси, па така овој натпревар нема големо резултатско значење. Се очекува Данците да дадат прилика на ракометарите кои не играат редовно и така да чуваат енергија за продолжение од турнирот.

Меѓутоа сепак се работи за селекција со екстра квалитет, па ако правиме грешки како во претходните натпревари сигурно дека жестоко ќе биде казнети. Данска е еден од најсериозните кандидати за освојување на златниот медал.

Во седум натпревари против Данска Македонија има шест порази и еден триумф, па тоа само потврдува во каква позиција сме пред денешниот меч. Натпреварот се игра со почеток од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бибиње одби да излезе на терен: На Сите Светци нема да играме!

Хрватскиот нижолигаш не настапи против Дебељак поради празникот Сите Светци, со образложен…