Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург потфрли и на плус девет: Тимот од Автокоманда извлече само бод кај Мотор Запорожје

Металург потфрли и на плус девет: Тимот од Автокоманда извлече само бод кај Мотор Запорожје

Македонскиот вицепрвак, Металург ја прокоцка предноста од 9 гола во Харков, па задоволи само со бод по конечен резултат од 28:28 против Мотор Запорожје.

Контролата на мечот несомнено во поголемиот дел го имаше тимот од Автокоманда, се создаваа шанси и се нижеа погодоци, а на пауза нашиот состав замина со шест позитива, односно 12:18.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во вториот дел потфрли тимот од Атокоманда, а доказ за тоа беше стопената предност која се преточи во 26:26 на само пет минути до крајот.

И иако Металург го имаше последниот напад за победа, тоа не го искористија.

Најпрецизни во тимот на Металург беа Јагањац и Гуглета кои постигнаа седум погодоци.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…