Дома Фудбал Меси со еден гол им го промени животот на 300 играчи на Барса!

Меси со еден гол им го промени животот на 300 играчи на Барса!

Финалето во Лигата на шампиони во Рим 2009 година не им го промени животот само на актерите на теренот со дресот на Барселона, туку и на уште 11 генерации играчи низ историјата на клубот.

Имено, тогашниот претседател Жоан Лапорта после голот на Меси одлучил на сите играчи кои освоиле европски трофеј со Барселона каталонскиот клуб да им плаќа доживотна плата.

Барселона до денес има освоени 5 титули во Лигата на шампиони, 4 Куп на победници на купови и три Куп на саемски градови.

Тоа се точно 12 тимови, односно околу 300 играчи.

„Кога Барса ја освои ЛШ против Манчестер Јунајтед во Рим, голот на Меси го инспирираше тогашниот претседател Лапорта да донесе одлука клубот да им плаќа доживотна плата на сите играчи кои освоиле европски трофеј. Тоа е исполнето“, откри Хуан Карлос Хереди, кој со Барселона го освои Купот на победниците на куповите во 1979 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти пове…