Дома Фудбал Меси се враќа во Барселона на позајмица? Мора да се исполни еден услов

Меси се враќа во Барселона на позајмица? Мора да се исполни еден услов

БАРСЕЛОНА се уште не се откажува од идејата својот најдобар играч во историјата повторно да го види во дресот во кој се прослави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот ја разгледува можноста да го доведе на позајмица до лето во зимскиот преоден рок доколку неговиот тим Интер Мајами не успее да се пласира во плејофот на МЛС, пишува каталонски спорт.

Мајами моментално е на пет бода од плејофот во Источната конференција, а до крајот на регуларниот дел преостануваат уште три натпревари. Дури и во случај на сите три победи, ќе треба да им бидат во полза и многу други резултати…

Меси ги пропушти последните четири натпревари поради повреда, а тренерот Тата Мартино во неколку наврати изразува загриженост за неговиот преголем ангажман откако пристигна во Америка. Сеуште не се знае дали ќе биде подготвен, но Меси е повикан во составот на Аргентина за натпреварите против Парагвај и Перу кон средината на месецот, па се чини дека е блиску до враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терм…