Дома Фудбал Останато Меси потврди: Ќе играм во Мајами, Барселона ја одбив поради…

Меси потврди: Ќе играм во Мајами, Барселона ја одбив поради…

Лионел Меси официјално потврди дека кариерата ја продолжи во САД, во дресот на Интер Мајами.

Меси откри зошто не се вратил во Барселона и потврди дека не се водел по парите, па затоа не се преселил во Саудиска Арабија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Готово е, се знае мојата одлука. А таа е дека ќе играм за Интер Мајами. Ја напуштам Европа. Имав понуда од друг клуб од Европа, но јас можев и сакав да играм само за Барселона. Откако оваа опција се виде е неможна одлучив својата кариера да ја продолжам во Мајами“, истакна Меси.

„Навистина сакав да се вратам во Барселона и бев возбуден, но, на другата страна, по се што искусив кога си заминував, не сакав да се најдам во истата ситуација пак. Се плашев од истото нешто, затоа ја одбив Барселона. Да чекам што ќе биде и да ја оставам мојата иднина во нечии други раце. Донесов сопствена одлука, мислев за себе, за семејството. Слушнав дека клубот треба да продаваат играчи, да се намалуваат плати, па не сакав да одам низ такво нешто“, откри Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Срамно: Навивачите на Челзи ја навредуваат девојката на Даклан Рајс, таа ги избриша сите фотографии

Навивачите на Челзи на трибините на „Емирати“ за време на последното дерби го исмејуваа из…